Надал: Мојот живот се менува драстично, ми треба време да размислам за сè!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е еден од најдобрите играчи во историјата, а по турнирот во Саудиска Арабија зборуваше за неговата иднина.

Надал неодамна објави дека ќе ја заврши кариерата по настапот во Дејвис Купот, но засега не знае што ќе прави во иднина, односно најави дека ќе се повлече на одреден период за да размисли за сè.

„Потребно ми е време да размислам што сакам да бидам по крајот на кариерата. Тоа е голема промена, животот ми се менува драстично. Ми треба време да размислам за сè, ќе си земам одмор. Ајде да уживаме во последниот месец“, кажа Надал.

Шпанецот ја завршува професионалната кариера со 22 освоени гренслем-титули.