Официјално: Пешиќ ќе остане селектор на Србија до 2025 година!

Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) потврди дека Светислав Пешиќ ќе остане селектор на Србија до 30 септември 2025 година, но остави можност соработката да биде продолжена.

Претседателот на КСС, Небојша Човиќ на прес-конференција соопшти дека Пешиќ ќе ги предводи „орлите“ на Европското првенство кое е закажано за следната година.

Договорот на Пешиќ заврши во септември, но управата на КСС успеа да го убеди да остане барем уште една година.

Пешиќ ги тренира Србите од 2021 година и со нив освои бронзен медал на Олимписките игри во Париз оваа година, но и сребро на Мундобаскетот.