Потврдено: Погба заминува како слободен фудбалер од Јувентус
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Погба ќе замине како бесплатен фудбалер од поранешниот италијански шампион.
„Погба е одличен играч, но ние имаме поинакви планови во моментов. Инвестиравме во други фудбалери и нашиот тим е комплетен“, кажа директорот на Јувентус, Кристијан Џунтоли.
Французинот веќе почнал да се подготвува за враќање на теренот, а засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.