Анчелоти останува без важни соработници, еден од нив е син му Давиде!

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти има договор до крајот на следната сезона со шпанскиот гигант, но во следната сезона би можел да остане без двајца важни соработници.

Анчелоти најверојатно повеќе нема да соработува со двајца важни членови на стручниот штаб, а тоа се неговиот син Давиде и Франческо Маури.

Давиде добиваше многу понуди во изминатите години, но не прифати ниту една, меѓутоа сега смета дека е време да почне самостојна тренерска кариера.

Идентично размислување има и Маурио, кој е подготвен за нов предизвик во кариерата.