Драма во С. Арабија: Роналдо од пенал во 97. минута го израдува Ал Наср (ВИДЕО)

Ал Наср славеше со 2-1 против Ал Шабаб во саудиското првенство, а херој во победата беше португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо.

Во првото полувреме мируваа мрежите, по што во 69. минута Ејмерик Лапорт погоди за предност од 1-0 на Ал Наср.

Ал Хасан во 90. минута ја погоди сопствената мрежа, па делуваше дека Ал Шабаб ќе стигне до бод со автоголот на ривалот.

Сепак, во седмата минута од судиското надополнување Кристијано Роналдо ја презема одговорноста и погоди од пенал за триумф од 2-1.

По седум одиграни кола, Ал Наср е втор на табелата со 17 бодови, додека Ал Шабаб има 12 поени на четвртото место.