Тен Хаг разочаран од Ретклиф: Фергусон сè уште му е потребен на Јунајтед!

Раководствоот на Манчестер јунајтед реши да го отпушти Алекс Фергусон, кој работеше како амбасадор на тимот во изминатите години.

Оваа одлука ги шокира сите, а очигледно со неа не е најсреќен ниту тренерот Ерик Тен Хаг кој кажа дека Фергусон е човекот кој го создал моќниот премиерлигаш.

„Секако дека оваа одлука има влијание врз нас. Сер Алекс е Манчестер јунајтед, тој го изгради моќниот тим и нè донесе тука. Од друга страна, свесни сме дека Фергусон знае што сака, а тоа е да го види тимот како победува и освојува титули, а верувам дека секогаш ќе ни биде достапен за совет“, кажа Тен Хаг.

„Ѓаволите“ по седум одиграни кола се наоѓаат на 14. место во лигата со само осум освоени бодови.