Неверојатно: Над милион навивачи чекаат да купат билет за „Ел Класико“

Реал Мадрид ќе се соочи против Барселона на 26 октомври од 21 часот, а за вечното дерби „Ел Класико“ владее огромен интерес кај навивачитет, односно над милион луѓе сакаат да купат билети.

Откако беа пуштени билетите во продажба, над милион навивачи се обиделе да купат билет за „Ел Класико“, што е навистина неверојатна бројка.

Интересот за дербито секогаш е голем, но сега се зголеми дополнително поради тоа што многумина сакаат да го видат Килијан Мбапе во акција.

Дербито меѓу Реал и Барселона е закажано во Мадрид на 26 октомври од 21 часот.