Анчелоти останува без важни соработници, еден од нив е син му Давиде!
Анчелоти најверојатно повеќе нема да соработува со двајца важни членови на стручниот штаб, а тоа се неговиот син Давиде и Франческо Маури.
Давиде добиваше многу понуди во изминатите години, но не прифати ниту една, меѓутоа сега смета дека е време да почне самостојна тренерска кариера.
Идентично размислување има и Маурио, кој е подготвен за нов предизвик во кариерата.