Балотели му се враќа на фудбалот по пауза од четири месеци
Балотели ја напушти Адана Демирспор на 1 јули оваа година, откако му заврши договорот, па веќе четири месеци е без клуб.
Неговиот менаџер откри дека Балотели наскоро би можел да потпише за Џенова, откако преговорите биле во завршна фаза.
Џенова игра многу лошо на почетокот на сезоната, односно има освоено само пет бодови по седум одиграни кола и се наоѓа во зоната за испаѓање.