Тренерот на Барса ги изнервира навивачите на Звезда: Пантер и Весели одиграа за Партизан
Каталонскиот тим неколку пати беше на работ на бездната, но успеа да се врати и на крајот, предводен од фантастичниот Кевин Пантер да дојде до важниот триумф со кој се израмни со денешниот ривал.
„Задоволство е да се игра во Белград во ваква атмосфера. На крајот победивме иако долго време имавме проблеми со нивните тројки. Среќен сум поради сите играчи, но особено поради Кевин Пантер и Јан Весели кои одиграа за Партизан“, рече, меѓу другото, Пењароја.
Двајцата екс-играчи на Партизан очигледно беа екстра мотивирани на овој натпревар бидејќи заедно постигнаа речиси половина од поените на Барселона. Пантер беше најефикасен со 26, а Весели веднаш зад него со 19 поени.