Гудељ се сеќава на најтешкиот момент во животот: Три минути бев мртов

Српскиот интернационалец Драгиша Гудељ откри детали за вториот срцев застој кој му се случи лани, а кој предизвика крај на неговата кариера.

Тој се онесвести во декември 2023 година, за време на натпревар од Сегунда, додека беше играч на Кордоба. Призна дека неколку минути не знаел за себе, а докторите му кажале што се случувало во тој период.

“Три минути бев мртов, без пулс. За мене тоа било како секунда, кога се разбудив само прашав што ми се случило. Мислев дека некој ме удрил, но подоцна ми рекоа дека сум бил седум минути без свест, а три минути со кардиореспираторен арест“, откри Србинот.

Тоа беше негов втор таков случај откако првиот го доживеа во март 2023. Сезоната ја доврши, но во јули годинава, на 26-годишна возраст одлучи да стави крај на кариерата.