ТФТ го преживеа Пилепиќ за продолжување на победничката серија

Екипата на ТФТ останува со максимален ефект и по три одиграни кола од новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига.

По МКК Куманово и Гостивар, тимот од Тафталиџе денеска на домашен терен го совлада и амбициозниот Кожув со 79-77. Натпреварот беше израмнет во најголем дел од мечот, а дури во последната четвртина ТФТ резултатски се одлепи кои беа доволни за триумф.

Домаќинот и во првото полувреме ги имаше највисоките +9 (29-20 и 36-27), но Кожув не дозволи тоа да влијае на расположението и продолжи да се бори. Како резултат на тоа, на почетокот од второто полувреме гевгеличани се најдоа и во водство од 39-36 и долго време беа во игра за победа. Последен пат на средина од последниот квартал кога се доближија на 64-65, но следуваа клучните тројки на Николов и Говенс, подоцна и кошот на Мекиќ за +9 на ТФТ и трета победа по ред.

Говенс беше најдобар стрелец кај ТФТ со 21 поен, но се истакна и Зафиров со 16 поени и 12 скока. Домаќинот го преживеа фантастичниот Фран Пилепиќ кој постигна безмалку половина од поените на Кожув (35).