Де Лихт мораше надвор поради дупната главата, па по корнерот – примија гол (ВИДЕО)

Екипата на Манчестер Јунајтед губи по првото полувреме од денешната пресметка на домашен терен против Бренфорд (0-1), откако прими гол по корнер во петтата минута од судиското надополнување.

Ова беше малерозна ситуација за „ѓаволите“, чија мрежа се затресе додека беа со играч помалку на теренот, но не поради црвен картон. Пред да се случи ударот од аголот, холандскиот интернационалец Де Лихт мораше да излезе од игра бидејќи имаше раскрвавена глава бидејќи доби удар со колено од еден од противничките играчи.

Несреќата сакаше додека нему му се укажуваше помош, играта да продолжи и гостинот веднаш да постигне гол. Ова го разбесни тренерот Ерик Тен Хаг, кој остро реагираше кон судиите, поради што доби жолт картон. Доброто за навивачите на Јунајтед беше што Гарначо веднаш по стартот на второто полувреме го изедначи резултатот.