Чаир 2030 ги повика навивачите на мечот со Шкупи за да – дишат албански (ФОТО)
Станува збор за дуелот на Чаир 2030 и на Шкупи, закажано за од 19 часот во салата „Шабан Трстена“ во населбата Чаир, кое исто како и другиот скопски дуел е прогласен за меч од висок ризик. Спортскиот елемент не е причина за ваквата одлука на КФМ, со оглед што играат првиот и последниот тим на табелата туку можноста од некакви ескалации на трибините пред се од националистичка природа.
За можност од ваков проблем доаѓа и најавата на домашниот тим, кој на социјалните мрежи без да потенцира дека станува збор за меч од македонската Прва лига, помеѓу два тима од Македонија, кусо напиша: „Дишеме албански!“.