Елмас конечно доби шанса во Бундеслигата, шампионот лесно против Ајнтрахт (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, дури во седмото коло ги доби првите минути сезонава во Бундес лигата, откако влезе во игра во 73. минута во триумфот на Лајпциг на гостувањето кај Мајнц (2-0).

Тој немаше премногу време за да го покаже својот квалитет, но демонстрираше голема борбеност во тие дваесетина минути, поради што доби и жолт картон. Неговиот тим брз дојде до решавачката предност и тоа со головите на Симонс во 20. минута и на Орбан петнаесетина минути подоцна. Лајпциг со овој триумф се искачи на врвот од табелата во Бундеслигата и тоа со 17 бода, барем до подоцна вечерва кога Баерн Минхен би можел да го потисне со евентуална победа против Штутгарт.

Актуелниот првак Баер Леверкузен, пак, им се врати на победите, па по шокантото реми во минатото коло против Холштајн Кил овој пат дома беше подобар од Ајнтрахт Франфурт (2-1). На останатите пладневни средби од седмата рунда, Борусија Менхенгладбах беше подобра од Хејденхам (3-2), Фрајбург го совлада Аугсбург (3-1), а Хофенхајм беше подобар од Бохум (3-1).