Славје во Белград: Легендарниот Пешиќ останува селектор на Србија!

Еден од најдобрите европски тренери во историјата, Светислав Пешиќ, ќе продолжи да работи како селектор на Србија, без разлика што изминатиов период се шпекулираше дека ќе си замине по завршувањето на неговиот договор по освојување на бронзениот медал на ЛОИ годинава во Париз.

Новиот предводник на српската кошарка, Небојша Човиќ, успеал да го убеди „стариот лисец“ да остане уште еден циклус на клупата и да го предводи нашиот северен сосед на Европското првенство следната година, како и на Мундобаскетот за три години.

Дека ова е веќе реалност потврдува и информацијата дека за утре е закажана прес конференција на која ќе се обелодени останувањето на Пешиќ.