Хаос во„Кале“: Канонада петарди го прекина „вечното дерби“ - влета и полицијата (ФОТО)

Големото дерби помеѓу Работнички и МЗТ Скопје е прекинато на самиот почеток од втората четвртина, откако беа фрлени голем број петарди и чадни бомби на паркетот, што беше причина прво кошаркарите од Аеродром да побегнат во соблекувалната, а потоа истото да го сторат и домашните играчи.

По вербалното препукување, во еден момент дојде до гужва на делот од трибината каде што се навивачите на Работнички, по што мораше да реагираат и специјалните полициски сили, кои беа во еден од аглите на салата.

Во моменто на паркетот ги нема официјалните лица, а за очекување е да биде донесена одлука за празнење на трибините, по што натпреварот би се доиграл без гледачи. Во моментот на прекинот во 12. минута од средбата, МЗТ СКопје водеше со 30-13.