Ѓорчепетровци го заседнаа второлигашкиот врв, кикс на Брегалница во Радовиш!

Фудбалерите на Македонија ЃП со денешната победа на гости кај Скопје (1-0) на „Автокоманда“ ја презеде лидерската позиција во Втората фудбалска лига.

Јунак во таборот на ѓорчепетровци беше Славков, кој во 64. минута беше стрелец на голот вреден три бода. Составот од скопското предградие го искористи киксот на Брегалница, која само ремизираше во Радовиш на средбата против Детонит (1-1). Штипјани преку Давид Калпачки ја презедоа иницијативата на мечот, но домаќинот успеа да изедначи во финишот со голот на Оливер Христов со удар со глава.

Победа Прилеп славеше на „гостувањето“ кај Вардар Неготино (2-1) во дуел одигран во Струмица поради казната на домашната екипа. Кожуф, пак на домашен терен го победи Борец со 2-0, а ГФК Охрид како гостин беше подобар од Каменица Саса (2-1). Арсими го победи Осогово на гости со 1-2.

ВМФЛ 8. КОЛО

Детонит – Брегалница 1-1
Скопје – Македонија ЃП 0-1
Каменица Саса – Охрид 1-2
Кожуф Гевгелија – Борец 2-0
Новаци – Башкими 0-0
Осогово – Арсими 1-2
Вардар Неготино – Победа 1-2
Вардарски – Беласица 0-1