Ѓоковиќ го повика Надал на танц и направи шоу во С. Арабија (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ужива во Саудиска Арабија и направи шоу со своите пријатели и колеги.

Ѓоковиќ го повика Рафаел Надал да излезе на сцената заедно со него за да танцуваат, па потоа го крена Карлос Алкараз во воздух.

„Шесте кралеви“ успеа да собере квалитетни тенисери и да им понуди големи премии за настап, но и луда забава.

Ѓоковиќ и Надал ќе играат за третата позиција на турнирот од 18.30 часот, додека Јаник Синер и Алкараз ќе се соочат во финалето од 20.00 часот.