Ферстапен ќе тргне од пол-позиција на спринтот во Остин

Актуелниот шампион Макс Ферстапен ќе тргне од првото место на спринт-трката која се вози во Остин, откако во квалификациите за 0,012 секунди беше побрз од Џорџ Расел од Мерцедес.

По Ферстапен и Расел, ќе тргнат Шарл Леклер од Ферари и Ландо Норис од третата и четвртата позиција. Карлос Саинц заврши петти во квалификациите, додека шестата позиција беше резервирана за Луис Хамилтон.

Спринтот се вози вечерва од 20 часот, додека главната трка е закажана за недела.