Руни навреди судија, па веднаш доби суспензија!

Поранешниот англиски напаѓач и актуелен тренер на Плимут, Вејн Руни беше суспендиран на еден натпревар откако навредил судија на мечот со Блекбурн роверс (2-1) во Чемпионшип-лигата.

Руни се однесуваше недолично и наводно го навредил четвртиот судија, поради што Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) реши да го суспендира.

Екипата на Руни се наоѓа на 14. место во лигата по девет одиграни кола со 11 освоени бодови.