„Тудор го избркав зашто се однесуваше како да е газда на Лацио“

Хрватскиот тренер Игор Тудор на крајот на минатата сезона доби отказ од Лацио, иако се очекуваше да остане затоа што имаше солидни резултати со клубот.

Сопственикот на клубот, Клаудио Лотито во разговор за „ДАЗН“ откри што се случило и зошто му дал отказ на Хрватот.

„Морам да признаам дека Тудор предизвика позитивна реакција кај момците по доаѓањето. Меѓутоа, на крајот на сезоната мораше да направиме драстични промени, па дури и да ги продадеме играчите кои го нервираат. Морав да го избркам зашто се однесуваше како газда на клубот“, открива Лотито.

Лацио во моментов е на четвртата позиција во Серија А со 13 бодови.