Бразилец го тетовираше името на детето, па по ДНК-тест дозна дека не му е татко!

Бразилскиот фудбалер Винисиус Тобиас остана во шок, откако дозна дека не е татко на детето кое го доби со поранешната сопруга Ингрид Лима.

Медиумите од неговата татковина објавија дека Тобиас го тетовирал името на детето, но потоа Лима направила ДНК-тест со кој докажала дека тој не е таткото.

„Морам да излезам во јавност поради нешто што ме нервира. Винисиус и јас не сме заедно веќе некое време. Во тој период бев со друг човек. Во меѓувреме дојде и бебето, решивме да направиме ДНК-тест и докажав дека тоа не е на Винисиус“, напиша Лима.