Падна договор: Тухел е нов селектор на Англија!

Германскиот стручњак Томас Тухел ја прифатил понудата да биде нов селектор на Англија, објавија вечерва водечките медиуми од Островот.

Иако се уште нема официјална потврда од ФА, наводно сите детали се договорени и само треба сето тоа да се стави на хартија и да се објави во јавноста, но сето тоа се очекува да се случи до крајот на оваа недела. На функцијата, Тухел ќе го наследи Ли Карсли кој ионака беше само привремено решение, но сепак ќе ги одработи и последните два натпревара од Лигата на нации, против Грција и Чешка во ноември. Тухел ќе ја преземе функцијата од нова година и ќе ја води Англија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Меѓу другото, Германецот ќе биде трет странски стручњак на кормилото на англиската репрезентација, по Свен Горан Ериксон и Фабио Капело.