Челси ќе лета речиси до Кина за да игра меч од Конференциската Лига

Сините ќе ја имаат убедливо најдалечната дестинација на која биле во клупските натпреварувања на УЕФА, треба да играат на 200 километри од границата на Кина.

УЕФА го информирала Челси дека мечот против Астана ќе го играат 650 километри подалеку југо-источно од оригиналната локација во Алмати, Казахстан.

Причината е тоа што стадионот на Астана се реновира. Новата локација на која треба да се одигра мечот е на 200 километри од границата на Кина.