Големо засилување во Цибона: Пристигна екс-играч на Атланта!

Eкипата на Цибона се подготвува за новата сезона во која ќе настапува во АБА лигата.

Пред почетокот на сезоната клубот објави неколку засилувања, а дефинитивно најголемото е Ентони Кет Барбер. Во прашање е кошаркар кој во минатото една сезона помина во НБА тимот Атланта Хоукс.

Своевремено во јавноста беше споредуван и славниот Ален Ајверсон поради стилот на игра, но и затоа што доаѓаат од исто место. На крајот сепак не ги исполни очекувањата да изгради кариера слична НБА легендата.

Покрај Барбер во редовите на Цибона пристигнаа: Питер Џок од Јужен Судан, Свен Смајлагиќ, Виго Барт, Тони Рочак и Лука Шкориќ.

Освен играчкиот кадар, Цибон сериозно се засили и на клупата каде што го дведе Крис Томас кој има искуство со работа во неколку НБА франшизи.