
Леверкузен го пронајде идеалниот наследник на Алонсо - Шпанец од Серија А!
Во Фабрегас, Леверкузен гледа сè што имаше и со Алонсо, млад, талентиран и енергичен тренер со силен карактер и напаѓачка филозофија на игра.
На Шпанецот му оди одлично оваа сезона на клупата на италијанскиот Комо, клуб во кој има и сопственички удел. Минатиот месец беше најуспешниот во неговата тренерска кариера и го доби признанието за тренер на месецот во Серија А по серијата победи против Монца, Торино, Лече и Џенова.
Во фудбалските кругови, Фабрегас веќе добива етикета „Алонсо 2.0“, со оглед на сличниот пат што двајцата поранешни шпански репрезентативци го минуваат како тренери со брз подем и препознатлив стил.
Шпанските медиуми дополнуваат дека челници на Баер веќе оствариле средба со Фабрегас и му ги презентирале своите планови, но сè уште се чека неговата конечна одлука.
Фото: Bayer 04 Leverkusen/FB