
И покрај ланската катастрофа во ЛШ, Пелистер продолжува со скапи претплатни билети!
Битолскиот клуб објави дека секој навивач кој ќе сака да купи сезонски билети за претстојната сезона ќе треба да плати 5.500 или 6.500 денари во зависност од позицијата во салата. Со билетот се обезбедува следење на сите домашни натпревари на Пелистер во ЛШ, СЕХА и домашната Суперлига. Јасно е дека токму натпреварите во елитата и оваа сезона се причината за високата цена.
Во последната сезона која Пелистер не играше во Лигата на шампионите пред две сезони цената на билетот изнесуваше 4.500 денари, тогаш клубот беше дел од Европската лига.
За споредба Вардар како актуелен европски шампион во 2019/2020 продаваше сезонски билети по 2.550 денари.
Што се добива со сезонскиот билет:
Ваше загарантирано место и присуство на сите натпревари во сите натпревари на домашен терен на РК Еурофарм Пелистер.
* На сите натпревари влегувате на посебен влез без гужви и чекање.
* Станувате дел од клубот на лојални подржувачи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 и добивате можност за 10% попуст при купување на производи од Фан-продавницата на клубот.
* Добивате плакета „Наш лојален поддржувач“ со фотографија и потпис од сите играчи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.
Продажбата на сезонските билети за сите наши навивачи, симпатизери и приврзаници ќе започне следната недела.