Алкараз е првиот финалист на Вимблдон – Медведев само го налути Шпанецот!
Русинот подобро ја почна средбата, постојано имаше брејк предност во првиот сет, кој на крајот го доби во тај-брејк. Но, токму загубата на последната предност во овој дел од мечот, при резултат 5-3 на свој сервис дојде во ситуација да збесне поради одлука на судијката, по што сочно ја опцу (види ТУКА). Тоа како да го наруши неговиот ритам, што Шпанецот максимално го искористи. Бранителот на трофејот ги освои следните три сета за четврто гренслем финале во кариерата.
Алкараз, кој досега нема загубено меч за трофеј на еден од четирите најголеми турнири, во неделната финална битка ќе ги одмери силите со подобриот од второто денешно полуфинале помеѓу Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети.