Медведев збесна во полуфиналето на Вимблдон и сочно ја опцу судијката (ВИДЕО)

Првиот полуфинален дуел на Вимблдон помеѓу Данил Медведев и Карлос Алкараз од самиот старт ги оправда очекувањата на тениските вљубеници со оглед на возбудливата и квалитетна игра на актерите на теренот.

Русинот по голема борба го доби првиот сет (7-6), во кој имаше во најмала рака дискутабилна ситуација по која едноставно збесна. На брејк топката за Алкараз при резултат 533 за Медведев, топката двапати падна на тревата, но рускиот мислеше поинаку. Тој веднаш ѝ пријде на судијката и сочно ја опцу што можеше да се прочита од неговите усни преку малите екрани.

Алкараз ја искористи оваа нервоза на противникот и го доби вториот сет за изедначување на 1-1. По завршувањето на овој дуел ќе се одигра и второто полуфинале во кое силите ќе ги одмерат Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети.