Клоп пред четвртфиналето на ЕП откри кој е негов фаворит за титула!
Клоп ужива на Мајорка со неговата сопруга, а во разговор со новинарите кажа дека најголеми шанси за пехарот има Шпанија, иако добри настапи има и Германија.
„Цел живот сонував куќа на југот. Ја сакам климата и луѓето. Многу работи ми се убави тука. Што мислам за ЕП? Германије е добра, Франција е добра, Англија ќе биде подобра, но мислам дека Шпанија ќе го освои трофејот“, кажа Клоп.
Германија и Шпанија ќе се соочат на 5 јули во Штутгарт, а во останатите средби ќе се соочат Франција и Португалија, Англија и Швајцарија, односно Холандија и Турција.