![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/06/30/215459-barselona-potvrdi-feliks-kanselo-i-alonso-zaminuvaat-od-klubot.jpg?itok=6kOMdWHG)
Барселона потврди: Феликс, Кансело и Алонсо заминуваат од клубот!
Барселона денеска ја соопшти одлуката за заминување на тројцата играчи.
„Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во иднина“, стои во соопштението на Барселона.