Синер преку Жанг до првото финале на трева во кариерата
Иако на прв поглед делува дека лесно излегол на крај со својот противник, Синер мораше на теренот да помине 100 минути, а успеа да освои само еден брејк и тоа во деветтиот гем од првиот сет. Тој сет му припадна на Италијанецот со 6-4, а во вториот се играше тај-брејк во кој Синер беше подобар со 7-3.
Така, Синер дојде до првото финале во кариерата на турнир кој се игра на тревната подлога. Со тоа ја прекина серијата од десет финалиња на тврда подлога, а на кои седум пати триумфираше и доживеа три порази. За првата титула на трева ќе се бори против Хуберт Хуркач кој со 2-0 го совлада Зверев.
Меѓу другото, Синер со денешната победа се оддалечи на 1.360 бода пред Новак Ѓоковиќ, а ако утре победи, разликата ќе се искачи на 1.330 бода.