Дали пријател на Ракитиќ го најави неговиот трансфер во Хајдук?

Изгледа дека се поблиску сме до сценарио во кое во наредната сезона во хрватскиот фудбал ќе го гледаме Иван Ракитиќ.

Покрај Ракитиќ се најавува и пристигнување на босанскиот напаѓач Един Џеко, наводно Жозе Мурињо веќе дал зелено светло.

Кога е Ракитиќ во прашање изгледа е блиску до потпис со сплитскиот тим. Хрватските медиуми денеска го пренесуваат коментатор на близок пријател на Ракитиќ на социјалните мрежи.

На една објава на фотографија на која се Перишиќ и Ракитиќ, Горан Болјат, пријател на хрватскиот фудбалер искоментира: „Решено“.

Ако се остварат овие два најавени трансфери Ракитиќ и Џеко би се придружиле на: Перишиќ, Ливаја...а ќе потсетиме од клупата Хајдук е предводен од Џенаро Гатузо.