Шок за Канада: Ѕвездата на Голден Стејт нема да игра на Олимписките игри

Eден од најдобрите канадски кошаркари Ендрју Вигинс (29) нема да настапи за Канада на Олимпписките игри во Париз бидејќи неговиот клуб не му дозволува.

Ова е непријатно изненадување за Канаѓаните бидејќи по завршувањето на сезоната доби „зелено светло“ од клубот да настапи на Олимписките игри.

Вигинс во последните недели индивидуално работеше за максимално да се подготви за најголемиот спортски настан оваа година.

Сепак, генералниот менаџер на канадската репрезентација ја потврди за нив лошата вест.

„Тренираше со недели и недели, сакаше да биде спремен да и помогне на Канада. И тогаш одеднаш добивме негативен одговор од Вориорси“, изјави Верет.

Според информациите потенцијалниот трејд на Вигинс ова лето е причината поради која не сакаат да ризикуваат самиот играч да се повреди.