Најлудата снимка од вчерашното невреме во Дортмунд (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Германија и Данска во вчерашното осминафинале на Европското првенство беше прекинат на 20-тина минути поради силното невреме кое го погоди Дортмунд.

За време на прекинот фудбалерите се повлекоа во соблекувалните, а во тие моменти беше забележано и едно шоу на двајца навивачи на трибините.ж

Од силниот дожд кој беше проследен и со грмотевици стадионот прокисна и додека најголем дел од фановите оставија празен простор околу местото каде што течеше вода двајца дански фанови застанаа под тие места и се забавуваа.