Переира со брутален нокаут го одбрани појасот во полутешка категорија (ВИДЕО)

Бразилскиот борец, Алекс Переира го нокаутираше Чехот, Јиржи Прохашка на почетокот на втората рунда.

УФЦ 303 се одржа во ноќта која е зад нас во Лас Вегас, а настанот беше обележан со борбата во полутешка категорија.

Борбата беше завршена со нокаут во втората рунда кога Переира со кружен удар со нога го погоди Прохашка директно во глава и го фрли на под.

Судијата немаше избор освен да ја прекине борбата и да го прогласи Бразилецот за победник. Со оваа победа Переира го задржа шампионскиот појас и докажа дека е најдобар во светот во полутешка категорија. Во кариерата за него ова беше втора победа над Прохошка.