Нова бомба: Никола Миротиќ го напушта Милано и се сели кај Обрадовиќ!
Шпанскиот репрезентативец е на излезната врата од Милано, а како нова дестинација се споменува Монако, за што се пишуваше и претходните денови. Миротиќ, наводно, веќе бил во Монте Карло каде што ги завршил преговорите. За да не прекинат шпекулациите, самиот Монако се погрижи да ја зголеми фантазијата на своите фанови преку својот официјален профил на Твитер.
„Прва објава утрово, што мислите дека ќе биде“, напишаа на својот профил, што многумина го поврзуваа со Миротиќ.
Доколку се случи, ова би бил најголемиот трансфер во Европа ова лето.