Гатузо во негов стил го одржа првиот тренинг во Хајдук (ВИДЕО)

Италијанскиот тренер Џенаро Гатузо со неговиот стручен штаб ги започна подготовките со Хајдук за новата сезона.

Фудбалерите вчера стигнаа на стадиот во „Пољуд“ во осум часот наутро, одработија лекарски прегледи и се запознаа со новиот стручен штаб.

Гатузо ги подели фудбалерите во две групи, па едната правеше лекарски прегледи, а другата ги работеше воведните тестирања на помошниот терен на стадионот „Пољуд“. Во попладневните часови следуваше нов тренинг на кој очигледно Гатузо не ги штедеше неговите играчи.

Имено, еден навивач го снимил тренингот на Хајдук и на видеото може да се слушне како легендарниот Италијанец вика по играчите. Ваквата снимка само ја потврдува неговата изјава на претставувањето дека нема да дозволува ниту најмало отстапување од дисциплината.