Тео Ернандез израмни рекорд на легендарниот Малдини!
Ернандез беше стрелец на еден од трите гола на Милан во победата над Лече од 3-0.
Со неговиот гол против Лече тој се израмни со Паоло Малдини како дефанзивец на Милан кој постигнал најмногу голови во историјата на тимот во Серија А. Двајцата имаат по 29 голови. Со следниот погодок Ернандез ќе биде осамен на врвот.