Претседателот на ФФМ претепан од маскирани лица во ресторан!
Информацијата за телевизијата ја потврдил и претседателот на ФФМ кој изјавил дека „непознати лица ги нападнале Сејдини и неговиот придружник во време кога тие го напуштале ресторанот по работен состанок“. Засега не се знаат причините за нападот, како и состојбата во која се наоѓа Сејдини. Тој моментално е во Полициската станица во Карпош каде е на распит, додека Судот ги проверува безбедносните камери за да ги идентификува напаѓачите.
„На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите, по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
Нападот на претседателот на ФФМ доаѓа во период на значително зголемување на насилството на фудбалските терени низ Македонија. Само последната недела се суспендирани три терени на прволигашки и второлигашки клубови, а минатиот викенд беше забранет влез за родители на стартот на Детската лига која ја организира ФФМ поради страв од нереди.