Мега пресврт на Борусија Дортмунд, од 0-2 до 4-2 (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд се опорави од „петардата“ што ја прими минатата недела од Штутгарт и на домашен терен славеше против Бохум со 4-2.

Малку недостасуваше да дојде до уште едно големо разочарување кај навивачите на европскиот вицешампион имајќи предвид дека по 21 минута гостите водеа со 2-0, со головите на Беро и Де Вит. Непосредно пред крајот на првото полувреме намали Гираси, а во вториот Борусија го комплетира големиот пресврт.

Џан од пенал го израмни резултатот, за Гираси и Нмеча во последните 15 минути да ги постават конечните резултати и да ѝ ја донесат четвртата победа на екипата од Дортмунд оваа сезона. Со неа Борусија привремено се искачи на втората позиција на табелата со 10 бода, пред натпреварите на останатите екипи во петтото коло од Бундеслигата.