Во Пекинг без изненадувања: Фаворитите со сигурни победи до второто коло

Фаворитите на турнирот во Пекинг не дозволија изненадување и се пласираа во второто коло од турнирот.

Шпанецот Карлос Алкараз беше подобар од Џован Мпетши Перикар со 2-0 во сетови. На Алкараз му беа потребни еден час и 22 минути да дојде до победата, а двата сета ги доби со по 6-4.

Противник на шпанскиот тенисер во второто коло ќе му биде Талон Грикспор.

Без загубен сет до второто коло стигна и Данил Медведев кој со 2-0 беше подобар од Гаел Монфис. Првиот сет рускиот ас го доби со 6-3, а вториот со 6-4 и за час и половина го елиминираше Французинот.

Медевев во следната фаза го чека уште еден руски тенисер и тоа Манарино.

Андреј Рубљев исто така ја оправда фаворитската улога со тоа што загуби еден сет (2-1) против Пабло Карењо Буста.