Блицкриг на Милан - три гола за пет минути (ВИДЕО)

Екипата на Милан води со 3-0 против Лече по првото полувреме и покрај тоа што до 38. минута немаше голови на Сан Сиро.

Се што беше важно на овој меч се случи во период од само пет минути, од 38. до 43. Мората го отвори резултатот, Тео Ернандез зголеми на 2-0, а потоа и Пулишиќ се запиша во листата на стрелците за огромно, веројатно недостижно водство на „росонерите“. Во 45. минута Ернандез имаше уште една шанса, за 4-0, но од непосредна близина шутираше непрецизно.

На Милан сега му недостасува уште еден гол за да го достигне најдобриот ефект за оваа сезона, од мечот против Венеција кој го доби со 4-0.