Злато за таеквондиската Ведрана Тунески во Тирана

Македонската таеквондистка Ведрана Тунески освои златен медал на на Е2 Тирана Опен Кадети во конкуренција до 41 килограм.

До златото, таа стигна со четири убедливи победи, вклучувајќи го триумфот против актуелната светска кадетска шампионка Вирџинија Ламптис од Италија. Покрај неа, ги победи уште Милјана Јовичиќ од Црна Гора, Аурора Парисела од Италија и Дијаз Гомес од Шпанија. 

Ведрана Тунески е освојувач и на бронзен медали од Европско пионерско првенство. Е2 е највисоко рангиран младински таеквондо турнир во светот.