Швајцарците ѝ дадоа три гола на Унгарија, а можеа – уште толку (ВИДЕО)
Швајцарците беа многу подобар противник, доминираа на теренот, а можеа уште најмалку три гола да му дадат на индиспонираниот противник да не беше нивниот расположен голман. Триумфот на алпската држава го најави Дуа уште во 12. минута, а пред крајот на првото полувреме Абишер го удвои водството. Варга во 66. минута им донесе надеж на унгарските навивачи за евентуален пресврт, но Емболо во судиското продолжение само ја потврди победата на Швајцарија, чии фудбалери имаа уште неколку сто-отстотни шанси за гол.
Денеска се играат уште два натпревари на ЕП и тоа Шпанија против Хрватска (18 часот) и Италија против Албанија (21 часот).