Несреќата не оди сама: И Де Брујне го очекува пауза

Покрај Родри, Манчестер Сити во следниот период ќе биде без уште еден одличен играч во своите редови.

Станува збор за Кевин де Брујне кој исто така ќе мора да паузира иако неговата пауза не може да се спореди со онаа на Родри. Пеп Гвардиола денеска потврди дека Белгиецот ќе биде во аут најмалку еден месец.

„Уште не знам кога ќе се врати, веројатно по репрезентативната пауза. Ќе видиме“, рече шпанскиот стручњак.

Сити утре го очекува тешко гостување кај Њукасл, без двајцата носители на играта во средниот ред. Де Брујне се повреди на мечот од Лигата на шампионите против Интер и го пропушти минатонеделното дерби со Арсенал.