На Крос поважно му е НБА финалето, ја постираше победата на Далас со реченица од Дончиќ! (ФОТО)
Крос ништо не објави за победата на Германија, но јавно се израдува на триумфот на Далас над Бостон во НБА финалето.
Тој направи ре-пост на објава на Далас и напиша: „Не е готово се додека е биде готово“.
Тоа е реченица на Лука Дончиќ која ја кажа по третиот пораз на Далас алудирајќи на тоа дека не се предаваат до крај.
Крос игра на Европското првенство во највисока форма, но очигледно максимално го прати и НБА финалето.