Навивачите на Шкендија го „погребаа“ Вардар во ковчег, судиите и делегатот - слепи! (ВИДЕО)

Шкендија славеше во дербито против Вардар со 3-0 во Тетово, но во центар на внимание се домашните навивачи кои со скандалозно однесување ги преминаа сите граници.

Навивачите на Шкендија го „погребаа“ Вардар во ковчег, а притоа судиите и делегатот останаа слепи и не реагираа на срамниот потег.

Вардар претходно преку соопштение обвини дека навивачите фрлале тврди предмети кон гостинските фудбалери, а притоа обвини и за националистички испади на домаќините.