Миовски растура - два гола за пресврт против Ливингстон (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентаттивец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во шкотската Премиер лига.

 

 

На мечот на Абердин против Ливингстон, кој се уште е во тек, нашиот напаѓач веќе постигна два гола и е најзаслужен што неговиот тим води со 2-1. Гостите поведоа во 28. минута, но Миовски израмни во 42., а потоа го донесе во предност Абердон кон средината на второто полувреме.

Со овие два гола, Миовски стигна до бројката од осум сезонава во шкотското првенство и му недостасува само еден да избие на чело на листата на стрелците.